Политика на приватност ВФП пензиско друштво АД Скопје (Друштвото) е Друштво за управување со доброволни пензиски фондови кое е лиценцирано и регулирано од страна на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС), со ЕДБ 4080022606997. Политиката на приватност има за цел да ги објасни практиките на Друштвото во делот на поединечните идентификациони податоци (Лични податоци) кои ги обезбедувате Вие или некоја трета страна на веб страната на ВФП пензиско друштво АД Скопје – https://www.wvppenzisko.mk/ и нејзините поддомени.

Оваа Политика на приватност се однесува на понудата на сите производи на ВФП пензиско друштво АД Скопје, како и на веб страната https://www.wvppenzisko.mk/ и нејзините поддомени.

Заштитата на личните податоци на корисникот на оваа веб страна се регулирани со оваа Политика на приватност и условите за користење, одредбите од Законот за заштита на личните податоци и задолжителните упатства на Дирекцијата за Заштита на Личните Податоци.

Личните податоци можат да се чуваат и обработуваат за статистички и маркетиншки цели, како и за подобрување на понудените услуги. Со користење на оваа веб страна, корисниците ја даваат својата согласност за користење на таквите податоци од страна на  ВФП пензиско друштво АД Скопје .

Оваа веб страна содржи специјални врски (линкови, хиперлинкови) кон други веб страни, одржувани од трети лица и компании. Ако корисникот на оваа веб страна избере да ги следи врските кон веб страните на трети лица, Друштвото во никаков случај не е одговорно за општите услови поврзани со управувањето и заштитата на личните податоци кои се применуваат на тие веб страни.

Корисниците на веб страната имаат право на пристап до податоци поврзани со нив и право на приговор против обработката на овие податоци.

Ако имате било какви прашања во врска со оваа Политика на приватност, Ве молиме да не контактирате.

Собирање на информации

За прегледување на оваа веб страна не е потребно да доставите лични информации. Ние обработуваме само информации кои се доброволно дадени од посетителите. Информациите кои ги собираме при вашата посета ни помагаат да понудиме прилагодено и персонализирано решение за секој наш клиент и со тоа да го подобриме севкупното искуство во користењето на нашата веб страна, како и услугите кои Друштвото ги врши.

Ние ги собираме следните видови на информации:

  • Ги регистрираме посетите на сајтот, IP адресата, користениот пребарувач, времето на пристап, страниците што ги посетувате и видот на компјутер на клиентот.
  • Информации обезбедени од Ваша страна преку он-лајн формитеили демографски информации.
  • За да бидеме сигурни дека нашата веб страна овозможува квалитетно искуство за посетителот, ние може да користиме “колачиња” (cookies) или статистички пиксели (мали транспарентни слики кои ни помагаат да ја проследиме активноста на корисниците на одредени веб страници).
  • Информации кои ние ги добиваме од страна на компаниите поврзани со нас или од трети страни

Користење на информациите

ВФП пензиско друштво АД Скопје ги собира и користи информациите од корисниците за следниве цели:
За подобрување на нашата страница
Постојано се стремиме да ја подобриме понудата на нашата страница базирано на повратните информациите што ги добиваме од вас.
За подобрување на услугите кон клиентите
Вашите информации ни помагаат поефикасно да одговориме на вашите барања за дадени услуги или поддршка што ви треба.
За администрирање на содржината, промоциите, анкетите и други функционалности на страницата
За праќање на корисничките информации што ќе се согласат да ги примаат за содржини што мислиме дека се од нивни интерес.

Ние ги чуваме и користиме Вашите персонални податоци за наши бизнис или оперативни цели и можеме да ги процесуираме Вашите персонални информации заради усогласување со правните обврски кои произлегуваат од Законите.

Со пополнување на Вашите лични податоци на нашата веб страна, Вие се согласувате за употреба на Вашите лични податоци, вклучувајќи го телефонскиот број, e-mail адреса, или поштенска адреса, да можеме да ве контактираме по телефон, e-mail или СМС порака за да ви помогнеме или да разговараме за услугите и продуктите кои може да Ви ги понудиме.

Можете да побарате од нас да престанеме да Ви испраќаме пораки на електронска пошта или по друг комуникациски пат во секое време.

Давање информации на трети страни

Вашите лични податоци нема да се даваат на трети лица, освен ако важечкото законодавство бара откривање на овие податоци на надлежните органи, но единствено и само на нив.

Пристап до информации

За да ги промените доставените од Вас лични информации или за да го откажете приемот на маркетинг пораки, Ве молиме да не контактирате.

Сигурност на информациите

Друштвото презема и одржува строги мерки за заштита на безбедноста и доверливоста на Вашите лични податоци.

Со цел подобра заштита на информациите, веб страната https://www.wvppenzisko.mk/ користи SecureSocketsLayer (SSL) протокол, кој ги енкриптира личните податоци кои ги внесувате и доставувате до нас, како и целокупната ваша сесија на веб страната.

Личните податоци ги чуваме и пренесуваме во енкриптирана форма и со ограничен пристап.

Нашата техничка опрема (сервери, firewalls, рутери, прекинувачи, софтвери итн.) се обезбедени со лозинки, и пристапот е ограничен само на нашите овластени мрежни инженери и назначени вработени.

Исклучително е важно Вие да се заштитите од неовластен пристап до вашиот кориснички профил и до вашиот компјутер. Осигурајте се дека сте се одјавиле од нашата веб страна кога користите јавен компјутер и дека вашите корисничко име и лозинки не се зачувани во пребарувачот.

Измени во Политиката на приватност

Друштвото го задржува правото да врши измени на оваа Политика на приватност во секое време. Датумот на измената ќе биде прикажан на оваа веб страна, при што измените ќе стапат на сила од денот на последната измена. Ве советуваме периодично да ја прегледувате Политиката на приватност со цел подобра информираност.

Заштита на приватноста на деца

Оваа веб стана не е наменета за деца и лица на возраст под 18 години. Друштвото не собира лични податоци за лица помлади од 18 години. Ако имате било какви прашања или загриженост во врска со нашата Политика на приватност на Вашите податоци при користењето на овој сајт, Ве молиме да ги испратите на:

+389 (2) 32 800 82

contact@wvppenzisko.mk

ул. Васил Главинов бр. 14-1/8, 1000 Скопје, Р. Македонија

Оваа Политика на приватност може да биде изменета во било кое време, при што сметаме дека сте известени со самото поставување на новата или ревидирана Политика на приватност на нашата веб страна.