Врз основа одредбите од Законот за заштита на личните податоци, и подзаконските акти на Агенцијата за заштита на личните податоци, Друштвото за управување со отворени доброволни пензиски фондови ВФП ПЕНЗИСКО ДРУШТВО АД Скопје, (во понатамошниот текст: Контролор), на ден 04.07.2025 година ja донесе следнaтa:
ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ
Оваа Политика на приватност дава општи информации за обработката на лични податоци кога ја посетувате интернет страната на Контролорот и/или користите некоја од на Контролорот преку истата. Контролорот ги собира само оние лични податоци кои се неопходни за да ги оствари сопствените права и обврски.
Контролор на збирки на лични податоци
Контролор на личните податоци е ВФП ПЕНЗИСКО ДРУШТВО АД Скопје (во понатамошен текст Контролор), со седиште во Скопје на ул. бул. Кочо Рацин бр.3-2 кат 3 и 4, Република Северна Македонија, со ЕМБС 7598211, ЕДБ 4080022606997.
Контролорот е акционерско друштво основано согласно одредбите од Законот за трговските друштва и запишано во единстевниот трговски регистр кој се води при Централниот регистар на Република Северна Македонија.
Личните податоци се обработуваат во согласност со одредбите од Законот за заштита на лични податоци, подзаконските акти на Агенцијата за заштита на личните податоци и актите за технички и организациски мерки за обработка на лични податоци на Контролорот. Дополнително, Контролорот настојува да ги применува и актите кои произлегуваат од регулаторните тела на Европската Унија, се разбира оние кои се однесуваат на заштита на обработката на личните податоци.
Корисници и категории на корисници на лични податоци
Контролорот собира податоци поврзани со следниве категории на лица:
- посетители на интернет страната на Контролорот wvppenzisko.mk Вообичаено Контролорот собира податоци за навигација (види подолу) кои се користат за анализирањето на податоците од посетите на интернет страната како и за одржување на информациска сигурност на истата. Повеќе за употребата на колачиња прочитајте ја политика за користење на колачиња на Контролорот.
- лицата кои поднесуваат известувања и барања до Контролорот, по различни основи дефинирани во позитивните прописи кои ја обработуваат проблематиката за заштита на обработката на личните податоци.
- лични податоци кои се однесуваат на (или кои се поврзани со) процеси на регрутација на човечки ресурси кои се спроведуваат или може да се спроведуваат од страна на Контролорот.
Категории на податоци кои се обработуваат
Податоци за навигација
При посетата на интернет страната на Контролорот за секој посетител се креираат логови со следниве податоци:
- интернет протокол (IP) адреса;
- уредот од кој се пристапува, вид и модел;
- оперативен систем;
- видот на пребарувачот, plugins и верзија;
- страните кои се посетуваат на интернет страната и времето кое се минува на секоја страна;
- URL на страната која ве префрлила на интернет страната на Контролорот и во некои случаи, термините кои сте ги користеле во обидот да ја најдете интернет страната на Контролот;
- јазикот на пребарувачот кој се користи;
- држава (се одредува преку IP адресата).
Серверските логови автоматски се бришат во рок од 15 дена, освен доколку околностите налагаат подолго задржување (на пример, за да се истражи вирус или злонамерен напад).
Контролорот самостојно ги одржува серверите. Сите активности на интернет страната ги спроведуваме интерно или екстерно (во зависност од случајот) вклучувајќи ги логовите кои се креираат и анализирањето на податоците кои се пренесуваат од посетите на интернет страната на Контролорот.
Податоци кои корисниците доброволно ги доставуваат
Лични податоци кои ги прибираме од посетата на интернет страната на Контролорот, се оние кои посетителите доброволно ги доставуваат за конкретни цели, како би се овозможило оствраување на правата и обврските на Контролорот.
Може да собереме некој од следниве категории на лични податоци: (1) име и презиме, (2) адреса, (3) контакт телефон, (4) факс, (5) email и (6) потпис.
Како ги собираме личните податоци
Личните податоци ги собираме преку различни канали, вклучувајќи:
- преку користењетто на интернет страната, вклучувајќи ги овде и формите кои се поставени за користење на интернет страната;
- преку електронската пошта на Контролорот: contact@wvppenzisko.mk,
- преку пошта,
- усмено.
За усните барања, се подготвува записник кој се потпишува од страна на лицето кое го поднело усното барање и од страна на лицето вработено кај Контролорот, кое го составило записникот и заведено во архивата на Контролорот.
Категориите на корисници на лични податоци
Активностите на обработка на лични податоци поврзани со on-line услугите достапни преку интернет страната на Контролорот, се извршуваат од страна на вработените одговорни за овие услуги или лицата задолжени за извршување на предметните активности.
Не споделуваме податоци за физички лица кои се добиваат од посета на интернет страната на Контролорот, на трети лица, освен во следните случаи:
- во случај на ангажирање на обработувачи со што ќе бидат обврзани да постапуваат по упатствата на Контролорот и позитивните прописи од областа на личните податоци и обезбедат заштита на личните податоци кои се обработуваат при обезбедувањето на тие услуги.
- по барање на суд, полиција или други органи и тела за вршење на нивните надлежности и само ако постои законски основ за тоа
Време на чување на собраните податоци
Податоците кои ги собираме се чуваат во согласност со позитивните прописи и периодот потребен за постигнување на целта на обработката и се утврдени во (прегледот) со рокови на чување на личните податоци на Контролорот.
Кои се правата на физичките лица?
Правата на физичките лица, во однос на обработката на нивните лични податоци се:
- право да бидат информирани за обработката на личните податоци,
- право на пристап до личните податоци,
- право на исправка и бришење на личните податоци,
- право на ограничување на обработката на личните податоци,
- право на приговор
За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате Офицер за заштита на лични податоци Марко Трајановски на следниов e-mail: marko.trajanovski@wvppenzisko.mk или преку телефонските броеви 02 328 0082/078711400
Право на поднесување на барање до АЗЛП
Ако постојат основи на сомнение дека начинот на кој Контролот ги обработува лични податоци ги повредува одредбите на Законот за заштита на личните податоци, лицата може да поднесат барање до Агенцијата за заштита на личните податоци како надзорно тело, по која ќе се постапува на ист начин како и секое друго поднесено барање, согласно одредбите од Законот за заштита на личните податоци и подзаконските акти на Агецијата за заштита на личните податоци.
Промена на политиката за приватност
Политиката за приватност редовно ќе се менува и дополнува соодветно на настанатите промени и активностите на Контролорот.