Доброволно пензиско осигурување за Вашите вработени — силен показател дека Вашата компанија инвестира во нивната долгорочна благосостојба.
Секој успех на компанијата е резултат на луѓето кои стојат зад него. Денес, повеќе од било кога, вработените бараат работодавач кој не само што ги вреднува нивните резултати туку и искрено се грижи за нивната иднина. Силните компании се изградени врз силни тимови, а грижата за иднината на вработените не е само чин на добрина, туку и стратегија за долгорочен успех на Вашата компанија.
Ви нудиме можност за воведување на доброволно пензиско осигурување за Вашите вработени, кое ќе донесе бенефит и за нив и за Вашата компанија:
- Финансиска корист за компанијата: Уплатите се ослободени од придонеси (се плаќа само данок на личен доход), а износот до две просечни бруто плати по вработен годишно се смета за признат трошок. Ова подразбира директна заштеда на трошоци за Вашата компанија.
- Вредност за вработените: Средствата се нивна лична сопственост, наследни се и достапни за користење 10 години пред правото на пензионирање (52 години за жени и 54 години за мажи).
- Стабилен принос: Балансирано инвестициско портфолио на доброволниот пензиски фонд кое на среден и долг рок евидентира стабилни годишни приноси на сметките на членовите и пензионираните членови.
Зошто е ова важно токму сега?
- Вработените кои гледаат долгорочна грижа од страна на работодавачот покажуваат поголема лојалност и продуктивност.
- Финансиската сигурност влијае позитивно врз нивната мотивација и ангажираност.
- Компаниите кои нудат дополнителни бенефити за своите вработени имаат јасна предност на пазарот на труд.
За подетални информации, контактирајте не преку нашата контакт електронска адреса или на телефонскиот број во Друштвото.