Точната и навремена евиденција на личните податоци во рамки на доброволниот пензиски фонд со кој управува ВФП пензиско друштво АД Скопје, како и информациската безбедност на секоја извршена трансакција на или од сметките на членовите на Фондот задолжително подразбира безбедност и заштита на сите критични и осетливи податоци и истовремено на системите за информатичка телекомуникациона технологија (ИКТ) кои се користат за обработка (формирање, меморирање, менување, анализирање итн.) на тие податоци. Имајќи предвид дека вработените во Друштвото секојдневно добиваат, креираат, дополнуваат и изменуваат информации во најразлични форми, а се поврзани со налозите и трансакциите кои се вршат за купување и продавање на удели во рамки на доброволниот пензиски фонд, од исклучителна важност е да се применуваат и почитуваат одредбите од регулативата за заштита на лични податоци, со цел минимизирање на ризикот од оштетување, уништување или евентуално кражба на податоците на членовите во Фондот или соработниците на Друштвото. За утврдување и проценка на ризиците поврзани со нивото на безбедност при електронската обработка на податоците, како и одржување на високо ниво на интегритет, доверливост и заштита на евидентираните податоци и информации, една од клучните одговорности на сите вработени и ангажирани лица во Друштвото е да ги применуваат мерките и да постапуваат согласно инструкциите во врска со информациската безбедност, односно доследно да ја спроведуваат политиката на безбедност, која содржи прецизни чекори за управување со безбедносните ризици, природни катастрофи и сл.

ВФП пензиско има свој офицер за заштита на лични податоци кој 24/7 се грижи за безбедноста на личните податоци како на членовите на доброволниот пензиски фонд, така и на агентите и останатите физички лица со кои соработува Друштвото.