Лидерство – Знаеме што правиме и тоа го правиме добро.
Страст – Работиме страсно и континуирано се движиме напред во индустријата со пензиското осигурување. Небото е граница.
Посветеност на клиентите – во секое време сме достапни и отворени за соработка со членовите на Фондот со кој управуваме. Создаваме култура на топлина и припадност, каде што секој е добредојден.
Квалитет – не отстапуваме пред квалитетна комуникација со членството и квалитетно управување со нивната иднина. Здравиот однос со клиентите е секогаш основа за долгорочна и плодна соработка, од која сите страни имаат бенефит.
Интегритет – работиме искрено, отворено, етички и фер и се држиме до својот збор, без исклучоци.
Тимска работа и респект меѓу членовите на тимот – Ги поттикнуваме и почитуваме заедничките постигнувања. Успехот на компанијата значи успех за секој од нас.
Лична одговорност – секој член на ВФП пензиско, со својата работа и ангажираност е лично одговорен пред клиентите и соработниците на Друштвото. Иднината на нашите членови е приоритет на секој вработен.